Ramazan Ercan
02 Мај 2016•Ажурирај: 03 Мај 2016
ИЗМИР (АА) - Со имплементација на договорот меѓу Турција и Европската унија за сузбивање на илегалната миграција и криумчарењето на луѓе минатиот месец дојде до значително намалување на илегалниот мигрантски бран кој претходно Европа ја соочи со најголемата мигрантска криза по Втората светска војна, јавува Anadolu Agency (AA).
Мигрантскиот бран во април оваа година е намален за 80 отсто во однос на претходниот месец, а за 30 отсто во споредба со април минатата година.
Меѓутоа, сè уште не е сопрен мигрантскиот бран на луѓето кои заминуваат од земјите погодени со војни и кризи кои преку Турција се обидуваат да најдат подобар живот во земјите од Европската унија.
Турција и ЕУ на 18-ти март договорија а од 20-ти март започнаа со спроведувањето на договорот за враќање на илегалните мигранти од Грција во Турција, а во замена за тоа ист број на регистрирани сириски бегалци од Турција ќе се испраќаат во ЕУ. Овој потег доведе до значително намалување на нелегалната миграција, што во основа беше и целта на Анкара и Брисел.
Турската крајбрежна стража во јануари оваа година во водите на Егејското и Средоземното Море запре и во Турција врати 5.506 илегални мигранти. Во февруари оваа година на истите поморски илегални мигрантски рути фатени се 8.747 луѓе, а во март и април турската крајбрежна стража спречи преминување во Грција на 8.530 т.е 1.728 лица.
Големо намалување на бројот на мигранти на илегалните рути во Егејското и Средоземното Море е реализирано преку спроведување на договорот меѓу Турција и ЕУ, бидејќи сè помалку мигранти се решаваат на тој пат свесни дека од грчките острови повторно ќе бидат вратени во Турција.