Tanju Özkaya,Zafer Fatih Beyaz
02 Ноември 2017•Ажурирај: 03 Ноември 2017
АНКАРА (AA) ТАЊУ ОЗКАЈА/ЗАФЕР ФАТИХ БЕЈАЗ
Видео снимките од надзорните камери, кои се доказен материјал во судската постапка поврзана со настаните во Генералштабот на турската војска во текот на минатогодишниот обид за воен удар, открија дека еден од поактивните актери на тој обид на пуч беше поранешниот подофицер Серхат Пахса кој е во бегство, јавува Anadolu Agency (AA).
Во Кривичниот суд во Анкара се одржува судење на 221 осомничено лице, меѓу кои се и членови на таканаречениот Совет за мир во земја, раководно тело на терористичката организација ФЕТО во обидот за пуч кој се случи на 15. јули минатата година.
Со анализа на вештачење утврдено е дека Пахша бил во центарот на случувањата во текот на предавничкиот чин во седиштето на Генералштабот во Анкара.
Поранешниот потполковник и офицер за врска на началникот на Генералштабот Хулуси Акар, а моментално обвинет, Левент Туркан, во исказот пред судот призна дека Пахса во рамките на терористичката организација ФЕТО го користел кодното име „Рауф" и дека поставил апарат за прислушкување во канцеларијата на Акар, начелник на Генералштабот.
Во извештајот на судските вештаци це наведува дека недвосмислено е утврдено дека Пахса на денот на обидот за пуч во седишетот на Генералштабот влегол во 16.30 часот и тоа на службениот влез кој го користи исклучиво начелник на Генералштабот и командантите.
Иако тој ден бил на одмор, Пахса во базата на Генералштабот дошол како цивил и им се придружил на пучистите. Директиви за задачите кои ќе ги извршува во текот на пучот ги доби од Туркан, а со припадниците на специјалниот одред требаше во 2.30 часот да отиде и во базата Акинчи да го приведе началникот на Генералштабот. Во меѓувреме дошло до промена на планот и порано покренување на предавничкиот обид за пуч, а Пахса од 2.20 часот активно учествувал во тоа.
Пахша на снимките на сите надзорни камери во Генералштабот е гледан се до 10.54 минута наредниот ден, на 16 јули, кога избегал во непознат правец. На снимките се гледа како со лагодност комуницира со офицерите и генералите кои по чин биле значитело повисоко рангирани од него, што не е вообичаена воена пракса.
Токму Пахса им овозможил на вооружените пучисти да влезат во база и на снимките се гледа како ги упатува на покритични точки во самото седиште на Генералштабот.
Помеѓу останатото, Пахса на снимката со екипа пучисти кои во вечерните саати го заробија тимот на командантот на турските копнени сили генералот Салих Зеки Чолак, како и на снимките на заробување на началникот на Генералштабот, Акар.
Истото лице се појавува и на снимката на која се гледа како група пучисти го убива Ресул Каптанџи и Месут Акуј, граѓани кои во базата дошле во 2.45 часот да протестираат против пучот.
На снимките исто така се гледа како Пахса во текот на ноќта води долги телефонски разговори, одејќи низ ходниците на командата, а Генералштабот наутро го напуштил заедно со уште еден обвинет, Шенер Догругорен.
Обвинителството за пребегнатиот Пахса бара да биде изречена повеќекратна доживотна затворска казна за обид за рушење на уставниот поредок, убиство и други тешки кривични дела, со дополнителна затворска казна за членство во терористичка организација.