Handan Kazancı
02 Ноември 2017•Ажурирај: 03 Ноември 2017
АНКАРА (АА) - Најмалку 31 терорист на ПКК се убиени во воените операции во источна Турција, соопшти денес турското Министерство за внатрешни работи, пренесува Anadolu Agency (AA).
Во ревидираното соопштение, Министерството објави дека 19 терористи се убиени во Шемдинли, во југоисточната турска област Хакќари, додека девет други се убиени во Назимие, во источната турска област Тунџели.
Во соопштението се додава дека уште тројца терористи се убиени во југоисточната област Ширнак.
Во меѓувреме, турската војска соопшти дека терористите убиени во Шемдинли се убиени при обид да избегаат во северен Ирак.
ПКК, која се наоѓа на листата на терористички организации во Турција, САД и во ЕУ, ја продолжи својата оружена кампања против Турција во јули 2015 година. Оттогаш, одговорна е за смртта на повеќе од 1.200 припадници на безбедносните сили, како и цивили.