Buket Güven
15 Јуни 2021•Ажурирај: 16 Јуни 2021
Турскиот претседател Ердоган и неговиот азербејџански колега Алиев ја потпишаа „Декларацијата од Шуша“, јавува Агенција Анадолија (АА).
Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, претстојува во официјална посета на Азербејџан.
Претседателот Ердоган денеска беше пречекан на Аеродромот „Хајдар Алиев“ во Баку од вицепремиерот на Азербејџан, Јагуп Ејујубов, заменик- министерот за надворешни работи на Азербејџан, Халеф Халефов, азербејџанскиот амбасадор во Анкара, Хазар Ибрахим, и турскиот амбасадор во Баку, Џахит Багчи.
Во турската делегација покрај сопругата на Ердоган, Емине Ердоган, се наоѓаат и министерот за национална одбрана, Хулуси Акар, шефот на Одделот за комуникации при турското Претседателство, Фахретин Алтун, портпаролот на претседателот, Ибрахим Калин, портпаролот на АК Партијата, Омер Челик, и претседателот на турската група на Парламентарното собрание на НАТО, Осман Ашкин Бак.
Во рамките на својата официјална посета, Ердоган го посети и градот Шуша во Нагорно Карабах, што беше ослободен од окупацијата на Ерменија по 28 години.
Ердоган во градот Шуша со официјална церемонија беше пречекан од страна на азербејџанскиот претседател Илхам Алиев.
По тет-а-тет средбата со Алиев, Ердоган присуствуваше на церемонијата за потпишување договори, а потоа се одржа и заедничка прес-конференција.