свет, Коронавирус

Шпанија со благодарност за солидарноста и гестот на Турција во борбата против Ковид-19

„Турција која е наш пријател и партнер, покажа великодушност и донесе одлука за испраќање респираторните уреди во Шпанија“, рече шпанската министерка за надворешни работи Аранча Гонзалез Лаја

Şenhan Bolelli  | 04.04.2020 - Обновена : 05.04.2020
Шпанија со благодарност за солидарноста и гестот на Турција во борбата против Ковид-19

МАДРИД (АА) - Министерката за надворешни работи на Шпанија, Аранча Гонзалез Лаја, истакна дека респираторните уреди купени од страна на два автономни администрации во нејзината земја, ќе стигаат до Шпанија како резултат на солидарноста која ја покажала Турција, пренесува Агенција Анадолија (АА).

„Турција која е наш пријател и партнер, покажа великодушност и донесе одлука за испраќање респираторните уреди во Шпанија“, рече Лаја во изјава за шпанскиот телевизиски канал „Cuatro“.

Лаја остро ги критикуваше обвиненијата на шпанските опозициски партии против Турција поради овој настан.

„Најотворено и силно сакам да ги негирам неправедните обвиненија против Турција. Беа направени неточни обвинувања (како „заплени“, „украде“). Треба да се знае дека ваквите изрази користени во медиумите, во јавноста и од страна на политичките партии ги нарушуваат нашите билатерални односи“, нагласи таа.

Шефицата на шпанската дипломатија истакна дека ова прашање било решено преку дипломатски пат.

„Прашањето е тоа што задоцни доставата на респираторните уреди купени од страна на две автономни админситрации во Шпанија.Турција првин сакала да ги користи за пациентите во својата земја, но, Турција ја виде ургентноста во Шпанија, и вечерва не известија дека донеле одлука дека со да ги споделат респираторните уреди“, додаде Лаја.

Таа рече дела моментално се вршат процедурите за лиценцирање на овие респираторни уреди, и дека во наредните часови ќе пристигнат во Шпанија.

„Шпанската влада изврши одговорна работа фокусирана во дејност, додека турската влада изврши голема работа преку тоа што одговори на итната состојба во Шпанија“, нагласи таа.

Лаја, во објава на на Твитер упати благодарност до Турција и до шефот на турската дипломатија, Мевлут Чавушоглу, и додаде: „Упатуваме благодарност за гестот на Турција која е пријател и сојузник“.

Шпанските автономни администарции Кастиља-Ла Манча и Навара пред неколку недели купија 150 респираторни уреди во вредност од 3 милиони евра од една турска компанија.

Но, во рамки на борбата против Ковид-19, како повеќемина земји, и Турција го ограничи извозот на медицинска опрема од Турција, и затоа беше одолговлекуван рокот на испорачување на овие уреди во Шпанија.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın