Турција, Infograhic

Турција: При пад на авион загинаа 7 припадници на безбедносните сили

- „Нашите тимови нѐ информираа дека загубивме седум херои, двајца од нив се пилоти“, изјави Сојлу за новинарите

Handan Kazancı  | 16.07.2020 - Обновена : 17.07.2020
Турција: При пад на авион загинаа 7 припадници на безбедносните сили

ВАН

Турскиот министер за внатрешни работи, Сулејман Сојлу, утринава изјави дека најмалку седум припадници на безбедносните сили загинале откако извиднички авион се урна во планина во турската област Ван, јавува Агенција Анадолија (АА).

„Нашите тимови нѐ информираа дека загубивме седум херои, двајца од нив се пилоти“, изјави Сојлу за новинарите.

„Авионот се урна на надморска височина од 2.200 метри на планината Артос“, додаде Сојлу.

Авионот полета од аеродромот „Ван Ферит Мелен“ во 18:35 часот по локално време.

Авионот, чиј модел е од 2015 година, беше за мисија на извидување и надзор во Ван и Хакќари.

Тој рече дека пилотите ја контактирале кулата последен пат кога биле околу подрачјето Башкале во 22:32 часот по локално време.

„Околу 22:45 часот, радарот и комуникацијата беа целосно запрени“, додаде тој.

Сојлу подоцна пристигна во регионот каде што се урна авионот.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.