Турција

На небото над Истанбул перформанс со 200 дронови по повод годишнината од неуспешниот обид за пуч

Во првиот дел од светлосниот перформанс, во кој за првпат во Турција учествуваа 200 дронови, е симболизиран народот кој слушна за обидот за пуч, и се обедини, и така е формирана ѕвезда...

Elif Küçük  | 16.07.2020 - Обновена : 17.07.2020
На небото над Истанбул перформанс со 200 дронови по повод годишнината од неуспешниот обид за пуч Фото: Elif Öztürk/AA

ИСТАНБУЛ (АА) - Во Истанбул, по повод четвртата годишнина од обидот за државен удар во Турција, кој на 15 јули 2016 година го извршија припадниците на терористичката организација ФЕТО, беше изведен светлосен перформанс со околу 200 дронови, јавува Агенција Анадолија (AA).

Дирекцијата за комуникации подготви специјален перформанс по повод четвртата годишнина од победата на демократијата над обидот за пуч на 15 јули 2016 година.

Мапирањето е извршено на комплксот на военото училиште Кулели, а осветлено беше и небото над Истанбул.

Во првиот дел од светлосниот перформанс, во кој за првпат во Турција учествуваа 200 дронови, е симболизиран народот кој слушна за обидот за пуч, и се обедини, и така е формирана ѕвезда. Проектирани се и делови кои ги симболизираат стиховите од химната на Република Турција.

Потоа на небото се прикажани логото 15 јули, турското знаме како се виори, картата на Турција и слично.

Многу собрани граѓани со своите мобилни телефони ги забележаа овие мигови.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın