Dilara Zengin
16 Јули 2020•Ажурирај: 16 Јули 2020
ВАШИНГТОН
Една од најголемите американски авиокомпании „Американ ерлајнс“ (American Airlines), поради кризата која ја предизвика пандемијата на Ковид-19, би можела да отпушти дури 25.000 работници, јавува Агенција Анадолија (АА).
Во пораката која компанијата ја сподели со вработените е истакнато дека побарувачката во секторот значително опаднала, поради зголемениот број на заразени од Ковид-19 и мерките воведени во одредени земји.
Од компанијата наведоа дека поради сите фактори би можеле да бидат отпушени околу 25.000 работници.
Американската авиокомпанија „Јунајтед ерлајнс“ (United Airlines), исто така поради кризата која ја предизвика пандемијата на Ковид-19, на почетокот на месецот најави дека од 1 октомври би можеле да бидат отпуштени дури 36.000 работници, што изнесува 45 отсто од вкупниот број на вработени.