Yusuf Özcan
04 Април 2020•Ажурирај: 05 Април 2020
ПАРИЗ (AA) - Бројот на починатите од последиците на заразувањето со новиот тип на коронавирусот (Ковид-19) во последните 24 часа порасна за 1.053, со што вкупна бројка на починати достигна 7.560, јавува Агенција Анадолија (АА).
Генералниот директор на Министерството за здравство Жероме Саломон на прес-конференцијата изјави дека во изминатите 24 часа се потврдени 4.267 нови случаи на заразување и дека вкупната бројка на заразени во Франција моментално изнесува 68.605.
Во последните 24 часа бројот на починатите порасна за 1.053, со што вкупна бројка на починати достигна 7.560.
Саломон рече дека бројката на опоравените од коронавирусот достигна 15.438, додека 6.838 заболени се наоѓаат на интензивна нега.
Франција моментално е четврта земја во светот по бројот на починати од коронавирусот.