Agim Sulaj
04 Април 2020•Ажурирај: 05 Април 2020
ПРИШТИНА (АА) - Во Косово се откриени 5 нови случаи со новиот вид коронавирус (Ковид-19), а регистрирани се 7 нови излекувани случаи, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Со ова, вкупниот број на откриени случаи со Ковид-19 во земјата се искачи на 140, а на излекувани лица на 23.
Во соопштението на Националниот институт за јавно здравје на Косово се наведува дека денес во Лабораторијата за молекуларна бикробиологија биле тестирани 128 лица, од кои пет се позитивни на Ковид-19.
Регистрирани се 7 нови излекувани случаи, со што вкупната бројка на излекувани лица од Ковид-19 во Косово се искачи на 23 лица.