свет

Во Брисел започна самитот на лидерите на САД и ЕУ: „Америка се врати во Европа“

Бајден во зградата на Европскиот совет во Брисел го дочекаа претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лејен, и претседателот на Европскиот совет, Шарлс Мишел.

Ömer Tuğrul Çam  | 15.06.2021 - Обновена : 16.06.2021
Во Брисел започна самитот на лидерите на САД и ЕУ: „Америка се врати во Европа“

БРИСЕЛ

Претседателот на Соединетите Американски Држави (САД), Џо Бајден, изјави дека Америка се вратила во Европа и дека за американско-европската соработка има поразлично мислење од неговиот претходник Доналд Трамп, јавува Агенција Анадолија (АА).

Во рамките на европската турнеја, Бајден вчера присуствуваше на Самитот на лидерите на НАТО, а денес присуствува на самитот на лидерите на САД и Европската Унија (ЕУ).

Бајден во зградата на Европскиот совет во Брисел го дочекаа претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лејен, и претседателот на Европскиот совет, Шарлс Мишел.

Американскиот претседател во кратка изјава пред почетокот на самитот изјави дека е среќен поради големите можности што произлегуваат од соработката со ЕУ и НАТО-сојузот.

„Америка се врати“, порача Бајден и додаде дека САД никогаш во потполност не се ни одвојувале и дека имаат одлични односи со ЕУ и НАТО.

Бајден исто така нагласи дека има многу различни погледи од својот претходник, поранешниот американски претседател Трамп.

Челникот на Европскиот совет, Мишел, исто така изрази задоволство поради посетата на Бајден на Брисел.

„Се вративте во Брисел и САД се вратија на глобалната сцена. Тоа е одлична вест за нашиот сојуз и светот. Задоволство ни е да соработуваме со вас на глобалните предизвици“, порача Мишел.

Претседателката на Европската комисија, Фон дер Лејен, изјави дека односите меѓу ЕУ и САД во изминатите четири години биле тешки.

„Светот и Европа се променија. Со нетрпение ја очекуваме соработката со САД“, изјави Фон дер Лејен.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.