Hacer Başer
15 Јуни 2021•Ажурирај: 16 Јуни 2021
ИСТАНБУЛ
Меѓународната организација за миграција (ИОМ) соопшти дека како резултат на војната во Јемен од почетокот на годината досега 37.000 лица биле принудени да мигрираат, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Во периодот од 1 јануари до 12 јуни 2021 година, 6.121 семејство биле принудени да мигрираат“, се вели во соопштението на ИОМ.
Според соопштението, овие семејства се состојат од вкупно 36.726 лица, и само во периодот од 6 до 12 јуни, 169 семејства, кои се состојат од 1.014 лица, биле принудени да ги напуштат своите домови.
Во соопштението се наведува дека најголем број миграции се случиле во градовите Таиз, Дали и Худејде, а не се споделени информации околу вкупниот број на лица што имаат статус на мигрант од почетокот на војната досега во Јемен.