???????
13 Ноември 2015•Ажурирај: 14 Ноември 2015
ЖЕНЕВА (АА) – Новите бројки објавени денес открија дека скоро 3.500 бегалци ги изгубиле животите преминувајќи го Медитеранот, досега, оваа година.
Скоро 550 од загинатите ги изгубиле животите во водите помеѓу Грција и Турција, според податоците на Интернационалната организација за миграција (IOM), јавува Аnadolu Agency.
ИОМ изјави дека над 800.000 бегалци пристигнаа во Европа досега, во текот на оваа година.
Статистиката на ИОМ индицира дека најголем дел од 3.499 евидентирани жртви, т.е 2.870 загинале преминувајќи од Северна Африка во јужна Европа, претежно во Италија.
812.230 луѓе доспеаа до Европа преку Средоземното Море, вклучувајќи 666.502 луѓе кои пристигнаа на брегот на Грција и 141.777 во Италија, кажаа од ИОМ.
Најголем број луѓе доаѓаат од Сирија. Околу 300.000 сириски бегалци преку Медитеранот пристигнаа само во Грција, оваа година.