?????
02 Август 2016•Ажурирај: 03 Август 2016
ЖЕНЕВА (АА) - Од меѓународната организација за миграции (ИОМ) соопштија дека телата на 120 мигранти се појавиле во близина на либискиот брег во последните неколку денови, јавува Anadolu Agency (AA).
Џоел Милман, портпаролот на ИОМ изјави дека информацијата дошла од либиските власти и дека загинатите „не се од претходните извештаи за потонатите бродови во Медитеранот”.
Милман во четвртокот истакна дека 4.027 мигранти загинале ширум светот од 1 јануари до 31 јули оваа година, а дека околу три четвртини од нив настрадале во Медитеранот. Тој нагласи дека оваа бројка претставува зголемување од 35 отсто во однос на истиот период минатата година.