Stipe Mayiç
03 Август 2016•Ажурирај: 04 Август 2016
ЗАГРЕБ (АА) - Јосип Перковиќ и Здравко Мустач, некогашни високи службеници на Управата за државна безбедност (УДБА), денеска во судот во Минхен се осудени на доживотен затвор поради вмешаност во убиството на хрватскиот емигрант Стјепан Ѓурековиќ, јавува Anadolu Agency (AA).
По испорачувањето на Перковиќ во Германија во јануари 2013 година и судењето што започна пред Високиот суд во октомври 2014 година, на Перковиќ денес му е изречена доживотна казна затвор.
Заедно со Перковиќ судски процес се водеше и против Здравко Мустач, исто така, високопозициониран офицер на УДБА кој беше екстрадиран од Хрватска.
Станува збор за пресуда на која одбраната на Перковиќ и Мустач има право да се поднесе жалба.
Јосип Перковиќ, долги години беше шеф на одделот на УДБА за тероризам, а во времето на гранатирањето на Владата беше помошник-министер за одбрана на Гојко Сушак.
Перковиќ беше екстрадиран во Германија по серија обиди на Владата на Хрватска тоа да го спречи, а при влезот на Хрватска во ЕУ дојде до промени на законот за екстрадиција на граѓани на Хрватска во ЕУ, кој тогаш беше наречен "lex Perković" "Лекс Перковиќ".
Убиството е извршено во јули 1983 година во една гаража во близина на Минхен, а Стјепан Ѓурековиќ пред да емигрира во Германија беше висок претставник на ИНА.
Крунослав Пратес, сопственикот на гаражата, каде што беше убиен Ѓурековиќ, веќе е осуден на доживотен затвор во Германија.