Mehmet Yılmaz
03 Август 2016•Ажурирај: 04 Август 2016
БУДИМПЕШТА (АА) – Унгарскиот министер за надворешни работи и трговија, Петер Сијарто изјави дека по обидот за државен удар на ФЕТО, на 15 јули, турската Влада направила коректни чекори, јавува Anadolu Agency (AA).
За информативниот сајт „Индекс“, кој е активен во Унгарија, Сијарто изјави: „По обидот за државен удар, турската Влада направи коректни чекори. Воениот удар е многу сериозен настан и треба да му се даде сериозен одговор. Според мене, постапката на Владата, која на власт дојде со демократски избори, за откривање на присутните во воениот удар, е многу коректна и правна“.
Тој истакна дека не се согласува со тврдењето дека во Турција се прават антидемократски чекори. „Во моментов не постои такво нешто. Ако забележиме вакво нешто, тогаш ние како Унгарија отворено ќе ги кажеме нашите идеи“, изјави Сијарто.
Тој истакна дека одблизу ги следел настаните во Турција: „Министерот за надворешни работи на Турција (Мевлут Чавушоглу) е мој близок пријател и имаме добар контакт. Кога се случи ударот се враќав од Монголија. Кога пристигнавме на аеродромот, му се јавив. Сакав да бидам информиран за состојбата, не само како службено лице, туку и како пријател. Кога по половина час ми се јави, ми кажа дека и неговата резиденција била нападната со хеликоптер, но тој самиот бил добар. Од тој ден досега, со него разгоарав уште неколкупати“.