Sayed Khodaberdi Sadat
03 Август 2016•Ажурирај: 04 Август 2016
МАЗЕР-Е ШАРИФ (АА) – Во операцијата спроведена во североисточниот дел на Авганистан, во покраината Бадахшан беа убиени 27 талибански милитанти, јавува Anadolu Agency (AA).
Портпаролот на гувернерството во Бадахшан, Ахмад Навид Фурутен, за дописникот на АА изјави дека во операцијата спроведена во провинцијата Рагистан беа убиени 27 милитанти.
Фурутен изјави дека во спроведената операција биле повредени 32 милитанти, а меѓу мртвите биле и командантите на организацијата Талибан. Дванаесет села биле исчистени од милитантите на организацијата.
Фурутен додаде дека во спроведената операција двајца припадници на безбедносниот персонал ги загубиле своите животи, а шестмина биле ранети.
Талибан сè уште не се огласи.