Muhammed Boztepe
23 Март 2020•Ажурирај: 23 Март 2020
АНКАРА (АА) - Турското Министерство за национална одбрана соопшти дека неутрализирани се двајца терористи на терористичката организација ПКК во регионот Зап, во северен Ирак, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според соопштението на Министерството, операцијата во регионот Зап, во северен Ирак е извршена со воздушна поддршка.
„Двајца терориисти на сепаратистичката терористичка организација ПКК, откриени при извидување и надгледување, се неутрализирани со операција поддржана од воздух. Нашите операции ќе продолжат без прекин“, се истакнува во соопштението на турското Министерство за одбрана.
- Турско МО: Неутрализирани тројца терористи во областа на операцијата „Извор на мирот“ во Сирија -
Министерството за одбрана соопшти дека се неутрализирани 3 терористи на сепаратистичката терористичка организација ПКК/ЈПГ, кои се обиделе да се инфилтрираат во областа на операцијата „Извор на мирот“, северна Сирија.
„Во успешната операција на нашите командоси херои неутрализирани се 3 терористи на сепаратистичката терористичка организација ПКК/ЈПГ, во обид да се инфилтрираат во областа од операцијата „Извор на мирот“. Ќе се преземаат сите видови мерки за одржување на мирот и спокојството во регионот“, се вели во соопштението.
Во својата над 30-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК, којашто се наоѓа на листата терористички организации на Турција, САД и Европската Унија, одговорна е за смртта на 40.000 луѓе, меѓу кои деца и жени. ЈПГ е сириски огранок на ПКК.
Од 2016 година, Турција започна три успешни прекугранични антитерористички операции, во северна Сирија, за да спречи формирање на терористички коридор: операцијата „Штитот на Еуфрат“ (2016), „Маслинова гранка“ (2018) и „Извор на мирот“ (октомври 2019 година).