Merve Gül Aydoğan Ağlarcı
23 Март 2020•Ажурирај: 25 Март 2020
АНКАРА (АА) - Со над 1.000 припадници на безбедносните сили, Турција започна нова антитерористичка операција во источната област Бинѓол, соопшти денес турското Министерство за внатрешни работи, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението, Министерството истакнува дека операцијата „Стапица-9 Карер“ има за цел неутрализирање на терористите кои се кријат низ областа Бинѓол.
За операцијата се формирани околу 68 оперативни тимови од жандармедијата за специјални операции, од специјалните полициски сили и безбедносните единици.
Иако во соопштението не се споменуваат одредени терористички групи, во источна Турција е активна терористичката организација ПКК.
„Операциите на Турција против терористите во рамките на земјата продолжуваат одлучно и успешно со поддршка на јавноста“, се додава во соопштението.
Во својата над 30-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК, којашто се наоѓа на листата терористички организации на Турција, САД и Европската Унија, одговорна е за смртта на 40.000 луѓе, меѓу кои и деца и жени.