Sena Güler
23 Март 2020•Ажурирај: 24 Март 2020
АНКАРА
Турскиот министер за здравство, Фахретин Коџа денес изјави дека еден од наредните чекори на неговата земја во борбата против коронвирусот е сериско производство на респиратори, јавува Агенција Анадолија (АА),
„Започнуваме со сериско производство на домашни респиратори“, изјави министерот за здравство за новинарите во Анкара, по долгочасовниот состанок на комитетот кој се справува со епидемијата.
„Другите чекори во напорите на Турција во борбата против коронавирус се назначување на 32.000 нови здравствени работници“, изјави тој.
Тој додаде дека Турција има увезено лекови од Кина за да се обезбеди побрза помош на пациентите од Ковид-19.
„Во текот на наредните денови ќе го објавуваме бројот на пациенти кои што се опоравуваат секој ден. Сакам да нагласам дека имаме голем број на лица кои закрепнале“, изјави Коџа.
Тој додаде дека меѓу лицата кои биле позитивни на коронавирус се наоаѓаат некои здравствени работници.
Во текот на последните денови Турција ги засили своите мерки за спречување на пандемијата на коронавирус со забрана на јавни собири, затворање училишта и ресторани и поттикнување на луѓето да се изолираат.
Досега 30 лица починааа од вирусот во Турција, при што се потврдени 1.236 случаи.
Во врска со возраста на лицата починати во Турција како последица на заразеност од вирусот Ковид-19, министерот Коџа рече дека две лица се на возраст меѓу 50-60 години, едeн од починатите бил на 91 годишна возраст, додека сите останати се на возраст над 60 години.
Според податоците од универзитетот „Џон Хопкинс“ во САД, вирусот, кој за прв пат се појави во Вухан, Кина минатиот декември, се прошири во најмалку 168 земји и региони низ светот, додека бројот потврдени случаи на зараза надминува 360.600, а бројот на починати е над 15.000.
Кина, Италија, Иран и Шпанија и понатаму се најтешко погодени земји од вирусот Ковид-19.