Ayhan Şimşek
23 Март 2020•Ажурирај: 24 Март 2020
БЕРЛИН
Германската канцеларка, Ангела Меркел, се тестираше и е негативна на Ковид-19, објавија локалните медиуми денес, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Портпаролот на канцеларката, Штефен Зајберт, за медиумите изјави дека тестот бил негативен.
„Понатамошните тестирања ќе бидат извршени во текот на наредните денови“, изјави тој за германската новинска агенција ДПА.
Меркел се стави во самоизолација вчера поради тоа што претходно имала контакт со лекар кој бил заразен со вирусот.
Таа денес на состанокот во Кабинетот се приклучи телефонски.
Зајберт изјави дека канцеларката ќе продолжи да ги извршува нејзините службени должности од дома.