Arife Yıldız Ünal
25 Февруари 2020•Ажурирај: 26 Февруари 2020
АНКАРА (АА) - Патнички авион на линијата Техеран - Истанбул не слета на аеродромот во градот на Босфорот, туку на аеродромот во Анкара, а во него се наоѓаат 17 патници за кои се сомнева дека се заразени со коронавирусот, јавува Агенција Анадолија (АА).
Со летот „TK 8VC“ на аеродромот „Есенбога“ пристигнаа 132 патници и сите се подложени на лекарски преглед што е организиран во соработка со турското Министерство за здравство и Дирекцијата за здравство во Анкара.
Лекарските екипи во авионот влегле веднаш по неговото слетување на аеродромот во 10:29 часот по локално време.
Со прегледите е утврдено дека 17 патници имаат покачена телесна температура и се сомнева дека се заразени со коронавирусот.
Специјалните лекарски екипи повторно влегоа во авионот и во тек е подетален преглед на патниците.