Балкан

Претседателот на Управата за верски работи на Турција ,Ербаш, во посета на Северна Македонија

„Историската соработка меѓу Претседателството за верски прашања на Турција и Исламската верска заедница на Северна Македонија ќе продолжи и денес и во иднина", рече Ербаш

Furkan Abdula  | 16.06.2021 - Обновена : 17.06.2021
Претседателот на Управата за верски работи на Турција ,Ербаш, во посета на Северна Македонија ( Foto: Furkan Abdula / Anadolu Agency )

СКОПЈЕ

Претседателот на Управата за верски работи на Турција (Дијанет), Али Ербаш, се состана со претседателот на Исламската верска заедница (ИВЗ) на Северна Македонија, Шакир Фетаху во рамките на неговата посета на Северна Македонија, јавува Агенција Анадолија (АА).

Состанокот помеѓу Ербаш и Фетаху се одржа во седиштето на ИВЗ во Скопје, по што следуваа изјави за медиумите.

Ербаш изјави дека тргнале заедно со делегација од Претседателството на верските работи на Турција да ги посетат своите браќа во земјите од Балканот и дека вчера посетиле неколку градови во Бугарија.

Во изјавата, Ербаш истакна дека денес ја посетиле ИВЗ на Северна Македонија во Скопје.

„Историската соработка меѓу Претседателството за верски прашања на Турција и Исламската верска заедница на Северна Македонија ќе продолжи и денес и во иднина", рече Ербаш, додавајќи дека ќе работат во консултација едни со други и во однос на верските служби и на верското образование.

- „Џамиите се срцето на градовите“

„Џамиите се срцето на градовите, срцето на населбите. Џамии се неопходни во секое место каде живеат муслимани. Ние, како Турција, ќе продолжиме да поддржуваме и помагаме во изградба на нови џамии во населбите, градовите и градовите што немаат џамии, како во Северна Македонија, така и во различни делови на Балканот, и во реставрација и санирање на џамии во места на кои им треба поправка, како што тоа го правевме досега", истакна Ербаш.

Претседателот на ИВЗ на РСМ, Фетаху, изјави дека оваа посета на Ербаш е чест за муслиманите и за ИВЗ на Северна Македонија.

Тој информираше дека на состанокот со Ербаш разговарале за нивната идна соработка, за верските работи и инвестициите кои Претседателството за верски прашања на Турција ги прави и ќе продолжи да ги прави и во иднина.

Фетаху му се заблагодари на Ербаш за сработеното во минатото и сега и за работата што ќе ја работи во иднина, посакувајќи двете институции да имаат блиска и пријателска соработка и заедно да ги штитат вредностите на исламот.

Според Фетаху, правилното изразување и согледување на исламот е вредност не само за муслиманите, туку и за „општеството и земјата во која живееме."

„Исламот е наука за моралните вредности, мирот, толеранцијата и хуманоста. Тоа е начин на заедничко живеење за оние кои навистина сакаат да живеат убаво", истакна Фетаху.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.