Балкан, Коронавирус

Северна Македонија: Регистрирани 15 нови случаи на Ковид-19

Од последици предизвикани од Ковид-19 во последното деноноќие нема регистрирано починато лице, со што билансот на починати од овој вирус во земјата останува на 5.472.

Husamedin Gina  | 16.06.2021 - Обновена : 17.06.2021
Северна Македонија: Регистрирани 15 нови случаи на Ковид-19

СКОПЈЕ (АА) - Во последните 24 часа во Република Северна Македонија регистрирани се 15 нови случаи на коронавирусот (Ковид-19) кои ја зголемија вкупната бројка на евидентирани случаи од почетокот на епидемијата во земјата на 155.583, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Од последици предизвикани од Ковид-19 во последното деноноќие нема регистрирано починато лице, со што билансот на починати од овој вирус во земјата останува на 5.472.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 14 оздравени пациенти од Ковид-19, a вкупната бројка на оздравени изнесува 49.690.

Бројот на активни случаи на Ковид-19 во Северна Македонија изнесува 421.

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се реализирани 2.802 тестирања за Ковид-19, а досега во земјата се направени вкупно 841.125 тестирања.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın