Furkan Abdula
17 Јуни 2021•Ажурирај: 17 Јуни 2021
СКОПЈЕ (АА) - Министерството за здравство на Северна Македонија соопшти дека заклучно со вчера, во земјата против новиот вид коронавирус (Ковид-19) се вакцинирани над 265.000 граѓани, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според соопштението на ова министерство, вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата.
Во соопштението се вели дека интересот за вакцинација секојдневно се зголемува, а дека досега бројот на лица што изразиле желба за вакцинација преку веб-платформата „vakcinacija.mk“ е 453.180 граѓани.
„На вакциналните пунктови во државата заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 265.164 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 2.036 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 4.299 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 462.415 дози вакцини, а ревакцинирани се 197.251 граѓани. Со последните бројки 48 отсто од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина, 42 отсто од населението над 65 години е вакцинирано со барем една доза вакцина и 36 отсто од населението над 60 години е вакцинирано со барем една доза вакцина“, се вели во соопштението.
Се истакнува дека вакцинацијата се спроведува согласно Националниот план за имунизација, додека се вакцинираат возрасни лица, граѓани кои искажале интерес за вакцинација на веб страницата vakcinacija.mk а се вакцинираат и лица вработени во критична инфраструктура.
„Масовна вакцинација се одвива во неколку градови во државата и тоа во А1 СЦ Борис Трајковски во Скопје, во спортските сали во Кавадарци, Куманово, Тетово, Штип, Битола, Струмица, Охрид, Велес и Прилеп“, се наведува во ова соопштение.
Министерството за здравство апелира до граѓаните масовно да се пријавуваат на „vakcinacija.mk“, бидејќи, според соопштението, тоа е најлесниот и најбрз пат да се вакцинираат.