Балкан, Коронавирус

Северна Македонија: Во последните 24 часа регистрирани 10 нови случаи на Ковид-19

Бројот на активни случаи на Ковид-19 во Северна Македонија изнесува 413

Furkan Abdula  | 17.06.2021 - Обновена : 18.06.2021
Северна Македонија: Во последните 24 часа регистрирани 10 нови случаи на Ковид-19

СКОПЈЕ (АА) - Во последните 24 часа во Република Северна Македонија регистрирани се 10 нови случаи на коронавирусот (Ковид-19) кои ја зголемија вкупната бројка на евидентирани случаи од почетокот на епидемијата во земјата на 155.593, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Од последици предизвикани од Ковид-19 во последното деноноќие не се регистрирани нови починати лица, со што билансот на починати од овој вирус во земјата остана ист, односно изнесува 5.472.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 18 оздравени пациенти од Ковид-19, a вкупната бројка на оздравени изнесува 149.708.

Бројот на активни случаи на Ковид-19 во Северна Македонија изнесува 413.

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се реализирани 3.529 тестирања за Ковид-19, а досега во земјата се направени вкупно 844.654 тестирања.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.