Merve Berker
17 Јуни 2021•Ажурирај: 18 Јуни 2021
АНКАРА (АА) - Досега во светот аплицирани се над 2,5 милијарди дози вакцини против коронавирусот, покажуваат најновите податоци на веб-страницата „Our World in Data“, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Кина е предводник на светско ниво со над 945,15 милиони аплицирани дози, по која следуваат Соединетите Американски Држави (САД) со 312,92 милиони.
Индија има администрирано 265,51 милион дози, Бразил 81,54 милиони, Велика Британија 72,46 милиони, Германија 63,65 милиони, Франција 45,59 милиони, Италија 43,6 милиони, а Мексико 38,25 милиони дози од вакцините против Ковид-19.
Турција е на 10. место во светот со дадени над 38,05 милиони дози, а потоа следуваат Шпанија, Индонезија и Русија.
Земја со најмногу администрирани дози според бројот на населението се Обединетите Арапски Емирати, со 142,24 дози на 100 жители.
Повеќето вакцини против Ковид-19 се администрираат во две дози, поради што бројот на дадени дози не е ист со бројот на целосно вакцинирани лица.
Според американскиот Универзитет „Џонс Хопкинс“, од декември 2019 година пандемијата зеде над 3,83 милиони животи во 192 земји и региони во светот, со регистрирани над 177,1 милиони случаи.
САД, Индија и Бразил и понатаму се најтешко погодените земји од Ковид-19 во светот.