свет

Претседателката на Европската комисија во Грција ќе го објави планот за економско закрепнување

„Планот на Грција 2.0 ќе ја направи земјата подобна за приближно 31 милијарда евра, а средствата од Националната стратешка референтна рамка и приватните активности ќе бидат речиси 100 милијарди евра“, истакна Мицотакис

Ekipa  | 17.06.2021 - Обновена : 18.06.2021
Претседателката на Европската комисија во Грција ќе го објави планот за економско закрепнување

АТИНА (АА) - Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис денеска ја прими претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лејен, на настанот на кој ќе ги презентира планираните активности за економско закрепнување на Грција, јавува Агенција Анадолија (АА).

„Ѝ посакуваме добредојде на претседателката на Европската комисија на историскиот момент за Европа и Грција. Тоа е, верувам, последниот чин на тревога предизвикана од пандемијата и прв на новата ера“, изјави Мицотакис во Атина.

„Планот на Грција 2.0 ќе ја направи земјата подобна за приближно 31 милијарда евра, а средствата од Националната стратешка референтна рамка и приватните активности ќе бидат речиси 100 милијарди евра“, додаде тој.

„Повеќето средства ќе бидат насочени кон зелената и дигиталната економија“, рече тој.

„Специфичната програма се протега до најоддалечениот агол на нашата земја, стигнувајќи до сите грчки мажи и жени“, рече тој.

Осврнувајќи се на изборот на место - Античка Ангора - за настанот, Мицотакис рече дека овој регион некогаш бил центар на атинскиот трговски и филозофски дијалог.

Претседателкста на Европската комисија , Урсула Фон дер Лејен, во своето обраќање рече дека Грција ќе излезе посилна и поподготвена од кога било.

„Ги дигитализираме нашите економии. Го реализираме Европскиот зелен договор. Ги опремуваме нашите општества да бидат посилни и издржливи. Нашиот план е вреден 800 милијарди евра и тој е најголемиот пакет за закрепнување во Европа од Маршаловиот план. Тоа е закрепнување што ѝ треба на Европа сега и во иднина“, нагласи претставничката на ЕУ.

Таа исто така најави дека првата исплата ќе биде реализирана во јули, додавајќи дека „ова во никој случај не е крај на патешествието, има уште напорна работа“.

„Европа по Ковид-19 ќе биде позелена, подигитална, поотпорна и подобро ќе одговара на тековните и претстојните предизвици“, додаде таа.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.