Emel Öz
17 Јуни 2021•Ажурирај: 19 Јуни 2021
АНКАРА (АА) – Во Соединетите Американски Држави (САД) забележан е најмал раст на населението во земјата од 1930-тите години бидејќи младите жени ги одложуваат своите планови да станат мајки давајќи ѝ поголем приоритет на кариерата, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во анализата на „Њујорк тајмс“ (The New York Times) се наведува дека жените под 30-годишна возраст во САД имаат многу помалку деца во споредба со претходните години.
Во анализата се посочува дека стапката на раѓање кај жените во 20-тите години е намалена за 28 проценти од 2007 година.
Исто така, нагласено е дека стапката на раѓање кај младите жени најмногу е падната во местата каде што има најбрз раст на вработеноста.
Кејтлин Мајерс, економистка од Универзитетот „Мидлбери“ во Вермонт, рече: „Приказната е во врска со младите жени, раѓањето кај нив е рапидно опаднато.“
Таа додаде дека во последните десет години се случила ненадејна огромна трансформација во поглед на раѓањето кај младите жени.
Во анализата се наведува дека единствената возрасна група со повисока стапка на раѓање биле жени во нивните 30-ти и 40-ти години. Но, според извештајот, и во тие групи во последните три години е евидентирано намалување.
Во извештајот на Центарот за контрола и превенција на болести (CDC) соопштено е дека минатиот месец стапката на наталитет во земјата доживеа најголем годишен пад од 1979 година.