Adam Abu Bashal
24 Април 2018•Ажурирај: 25 Април 2018
АБУЏА (АА) - Во борбата против жолтата треска во Нигерија, во провинцијата Ундо започна проект на вакцинација со кој ќе бидат опфатени 350.000 деца, јавува Anadolu Agency (AA).
Директорот на Заводот за здравствo во провинцијата Ундо, Вахаб Адегберно, потврди дека вакцинацијата на децата е веќе започната, и дека во следните три дена ќе биде бесплатно извршена во најмалку 18 региони на провинцијата, а дека сега е планирано да бидат вакцинирани 350.000 деца.
Според Адегберно, станува збор за проект кој е поддржан од страна на Владата на Нигерија, а се планира тој да продолжи до крајот на годината.
Тој, исто така, истакна дека ова е само дел од проектот со кој планира целосно искоренување на жолтата треска во Нигерија до 2026 година.
Во овој период, 90 проценти од популацијата ќе бидат погодени со вакцинација. Владата во оваа земја, со жолта треска се бори од септември 2017 година, кога се појави за првпат. Досега биле вакцинирани околу 900.000 жители.
Жолтата треска е акутна вирусна болест. Во повеќето случаи, симптомите вклучуваат треска, губење апетит, гадење, мускулна болка, особено во грбот, и главоболки. Симптомите обично се смируваат во рок од пет дена.
Кај некои луѓе, по смирувањето на симптомите, треската сепак се враќа назад, се јавува болка во стомакот, а оштетувањето на црниот дроб почнува да предизвикува жолта боја на кожата.