Gökhan Kavak
01 Ноември 2016•Ажурирај: 02 Ноември 2016
АБУЏА (АА) - Во Нигерија, 240 членови на терористичката организација Боко Харам им се предадоа на безбедносните сили, јавува Anadolu Agency (AA).
Директорот за односи со јавноста при нигериската армија, Мухамед Доле, во својата изјава рече дека како резултат на операциите предводени од заедничките мултинационални сили за интервенција (ФММ), 240 членови на Боко Харам им се предадоа на безбедносните сили положувајќи го своето оружје и муницијата.
Доле потенцираше дека ФММ реализира операции особено на правците од каде што поминува Боко Харам и дека оваа ситуација направи милитантите на организацијата да ја изгубат силата.
Боко Харам, е организација којашто почна да го покажува своето присуство во Нигерија во првите години по 2000, по смртта на нивниот лидер Мухамед Јусуф. Во периодот кога тој беше приведен, стана причина за загинувањето на 17 илјади лица. Организацијата се смета за одговорна за киднапирањето на голем број војници и од минатата година почна своите операции да ги проширува кон соседните земји Камерун, Бенин, Чад и Нигерија, а во последните денови ги зачести нападите.