Ekip?
31 Октомври 2016•Ажурирај: 31 Октомври 2016
МАЈДУГУРИ (АА) - Девет лица, меѓу кои петмина војници беа убиени во заседа од страна на милитантната група Боко Харам во нигериската држава Борно, пренесува Anadolu Agency (AA).
Портпаролот на нигериската армија, Сани Усман рече дека заседата била поставена во населеното место Угундири, во јужниот дел на Борно, кога војниците се враќале од воена акција.
„За жал, петмина војници и четворица цивили ги изгубија животите во нападот, додека 19 лица се тешко повредени“, рече Усман.
Боко Харам ги засили своите напади во Нигерија, во знак на одговор на акцијата на нигериската армија насочена против терористичката група.