Mahmut Atanur
31 Октомври 2016•Ажурирај: 31 Октомври 2016
ПЕКИНГ (АА) – Триесет и три лица се затрупани по експлозијата во еден рудник за јаглен во Кина, јавува Anadolu Agency (AA).
Според веста на новинската агенција Синхуа, 33 лица се затрупани по една експлозија во рудник за јаглен. Рудникот се наоѓа во градот Чончинг, во југозападниот дел на Кина.
На местото на несреќата пристигнаа екипите за спасување. Надлежните сѐ уште немаат дадено никаква изјава во врска со состојбата на затрупаните рудари.
Започната е истрага за утврдување на причината на експлозијата.