Ekip
24 Април 2018•Ажурирај: 25 Април 2018
ЈОГЈАКАРТА (АА) - Индонезискиот суд денес го осуди Сетја Нованто, поранешен претседател на Собранието, на 15 години затвор, поради земање на мито од повеќе милиони, пренесува Anadolu Agency (AA).
Судијата Френки Тамбувун изјави дека Нованто го злоупотребил својот авторитет и позиција во процесот на утврдување на буџетот и добивање на лични карти. Тој додаде дека Нованто добил 7,3 милиони долари и часовник „Richard Mille“ за 135.000 долари како поткуп.
Нованто, исто така, е казнет со 37.000 долари и добил забрана за вршење на било какви јавни функции во наредните пет години. Покрај тоа, тој е должен да ги отплати земените 7,3 милиони долари.
За време на судењето Нованто се изјасни дека не е виновен и рече дека ќе ја разгледа можноста да вложи жалба.
Поранешниот официјален претставник, кого американскиот претседател Доналд Трамп еднаш го опиша како 'моќен' и 'прекрасен', се наоѓа меѓу неколкуте угледните политичари обвинети за поткуп.
Скандалот беше пуштен во јавноста во 2017 година, а се проценува дека даночните обврзници во него се оштетени за околу 170 милиони долари.
Програмата за нови лични карти беше покрената во 2011 година, со цел да се обезбеди поголема безбедност и ефикасност на податоците за повеќе од 250 милиони жители на Индонезија.
Според истражувачите, околу половина од планираниот буџет од 5,8 трилиони индонезиски рупии (околу 434 милиони долари) го поделие 37 луѓе, меѓу кои и Нованто и 23 членови на Претставничкиот дом.
Нованто бил принуден привремено да се откаже од функцијата претседател на Собранието поради наводите за корупција во 2015 година, откако беше фатен дека бара акции вредни милијарди долари од рударска компанија од САД.
Но, тој беше ослободен од обвиненијата и се врати на позицијата претседател на Собрание, кој повторно мораше да ја напушти во декември 2017 година.