свет, Коронавирус

Зголемена бројката на новозаразени со Ковид-19 во Индија

Министерството за здравство на Индија соопшти дека во последните 24 часа се детектирани 67.208 лица позитивни на новиот тип коронавирус, додека од последици предизвикани од Ковид-19 починале 2.330 лица

Emel Öz  | 17.06.2021 - Обновена : 17.06.2021
Зголемена бројката на новозаразени со Ковид-19 во Индија

АНКАРА (АА) - Во Индија, една од земјите најпогодени од епидемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19), се забележува зголемување на бројката на новозаразени на дневно ниво во однос на вчера, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Министерството за здравство на Индија соопшти дека во последните 24 часа се детектирани 67.208 лица позитивни на новиот тип коронавирус, додека од последици предизвикани од Ковид-19 починале 2.330 лица.

Вчера беа регистрирани 62.224 новозаразени, и 2.542 смртни случаи како последица на Ковид-19.

Бројката на новозаразени со коронавирусот на дневна основа падна на најниско ниво од 30 март досега. Бројот на новозаразени во Индија се зголеми на повеќе од 100.000 на 4 април, на 15 април над 200.000, на 21 април се искачи над 300.000, а на 30 април бројката на новозаразени надмина 400.000.

Вкупниот број на лица заразени со Ковид-19 изнесува 29.700.313, од кои починаа 381.903 лица, а од коронавирусот оздравеа 28.491.670 лица.

- Бројот на оздравени го надминува бројот на новозаразени во последниот месец -

Во последните 24 часа, во Индија оздравеа 103.570 пациенти позитивни на Ковид-19. Треба да се забележи дека бројот на оздравени ја надмина бројката на новозаразени во последниот месец, со што делумно е олеснет товарот што епидемијата го има врз здравствениот систем.

Стапката на оздравени се зголеми на 95,93 %, а во моментов во Индија продолжува лекувањето на 826.740 заразени.

- Администрирани над 265 милиони вакцини -

Во Индија досега се дадени 265.519.000 дози вакцини, од започнувањето на кампањата за вакцинација на 16 јануари.

Вакцинацијата во Индија со население од околу 1,4 милијарди сè уште не го достигна посакуваното ниво за да може да се запре епидемијата.

Според инернет-страницата „Worldometers“, која секојдневно ги ажурира податоците поврзани со пандемијата на коронавирусот на светско ниво, Индија е втора земја во светот според бројката на лица кај кои е детектиран коронавирусот, а трета според бројката на починати.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın