Mehmet Tosun
16 Јуни 2021•Ажурирај: 17 Јуни 2021
АНКАРА (АА) - Турскиот министер за здравство, Фахретин Коџа, изјави дека Турција вчера администрирала над 1,2 милиони дози од вакцината против коронавирусот, јавува Агенција Анадолија (АА).
Коџа на Твитер напиша дека биле администрирани над 1,24 милиони дози од вакцината.
Вчерашната бројка на администрирани дози на вакцини претставува рекорд во напорите за вакцинација на Турција.
„Турција администрира над 35,86 милиони дози од вакцините против Ковид-19, откако започна масовната кампања за вакцинација во средината на јануари, вклучувајќи ги и првите дози на речиси една четвртина од населението во земјата од околу 83,6 милиони“, соопшти Министерството за здравство.
Турција пријави 5.955 нови случаи со коронавирусот. Бројот на нови случаи во понеделникот изнесуваше 5.626.
Вкупниот биланс на случаи во земјата е над 5,34 милиони, додека бројот на починати од последиците на вирусот во целата земја достигна 48.879 со 84 нови смртни случаи.
Уште 4.186 пациенти ја добија битката против вирусот, со што вкупниот број на оздравени изнесува над 5,21 милион.
Од декември 2019 година пандемијата однесе над 3,8 милиони животи во 192 земји и региони, со повеќе од 176,4 милиони случаи пријавени заразени низ светот, според американскиот Универзитет „Џонс Хопкинс“.