Ekipa
13 Јули 2017•Ажурирај: 13 Јули 2017
КИЛИС (АА) - Избувна пожар во воена зона во Килис, Турција. Во тек е акција за гасење на пожарот, јавува Anadolu Agency (AA).
Според добиените информации, денес изутрина избувна пожар во воена зона со привремени контејнери, која се наоѓа на 15 километри од автопатот Килис – Газиантеп, а причините за пожарот сѐ уште се непознати. Поради ветровите, пожарот за кратко време се прошири.
Пламенот предизвика и помали експлозии во зоната со муниција. Улицата што поминува до зоната на пожарот е затворена за сообраќај.
Сѐ уште продолжува акцијата за ставање на пожарот под контрола, а мобилизирани се противпожарни и медицински екипи од Килис и од Газиантеп.
Во соопштението на гувернерството на Килис се наведува дека во пожарот нема жртви, но 10 војници затруени од чадот се лекуваат во државната болница во Килис.
Според ова соопштение, сѐ уште трае акцијата за гасење на пожарот.