Nurettin Coşkun
30 Јуни 2016•Ажурирај: 01 Јули 2016
ИСТАНБУЛ (AA) - На источниот крај од Мраморното море, помеѓу местото Јалова и Гебзе, денес свечано е отворен висечкиот мост Османгази, мега проект кој е дел од автопатот долг 433 километри, кој ќе ги поврзува Гебзе, Орахнгази и Измир, јавува Anadolu Agency (AA).
На церемонијата на отворањето присуствуваа турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, премиерот Бинали Јилдирим, министерот за сообраќај, поморство и комуникации Ахмет Арслан и бројни други гости.
Во таа прилика, на присутните им се обрати претседателот Ердоган кој рече дека градењето на инфраструктурата е важно за економскиот раст и напредокот.
„Секогаш говорев дека патиштата на цивилизација, патиштата се прогресот, патиштата се раст. Главна основа на големиот напредок кој Турција го оствари во текот на претходните 13 години е сообраќајната комунијација", рече Ердоган.
Потсети дека мостот Османгази е мега проект и четврти најголем мост на светот, а втор најголем висечки мост во Европа, напоменуваји дека користењето на новоотворениот мост ќе биде бесплатно за сите граѓани до крај на празникот Бајрам.
Додаде дека и покрај сите предизвици Турција ќе продолжи со економскиот раст и во наредните години.
„Верувам дека периодот кој е пред нас ќе биде многу добар и дека ќе ни понуди позитивни случувања. Бидете сигурни дека овие проблеми ќе ја направат Турција уште посилна", рече Ердоган, додавајќи дека сега е во план изградбата на нов мост која ќе се вика „Чанакале 1915".
Премиерот на Република Турција Бинали Јилдирим истакна дека најдобриот одговор на терористичките организации е економскиот раст и напредокот на земјата
„Нашиот одговор на тероризмот ќе го дадеме така што уште повеќе ќе произведуваме и напредуваме. Но тука не е крај. Оваа година ќе биде годината кога ќе започнеме бројни големи проекти", нагласи Јилдирим.
Мостот Османгази, кој уште се нарекува „Заливски ѓердан” е дел од автопатот кој претставува најголем патен инфраструктирен проект во турската историја. Патниот правец, моменталното деветчасовно возење од Истанбул до Измир, ќе го намали три и пол часа. Исто така, благодарејќи на мостот, возењето измеѓу точките кои ги поврзува, кое траеше два часа, сега ќе трае само четири минути.
Висечкиот мост помеѓу градовите Гебзе и Јалова има среден распон од 1.550 метри, висината на носечките столбови му е 252 метри, а вкупната должина на мостот е 2.682 метри, што го прави четврт најдолг мост на тој вид во светот.
Градењето на мостот, чиј камен темелник е поставен на 30-ти март 2013 година, траеше 39 месеци. Оваа градба многу луѓе ќе ги потсети на мостот „Голден Гејт”, еден од симболите на Сан Франциско.
Автопатот со должина од 433 километри, кој ќе ги поврзува Гебзе, Орхангази и Измир ќе биде најголем патен инфраструктурен проект во турската историја. Проектот ќе биде довршен до 2018 година. Ќе започнува во градот Гебзе, на северниот дел на заливот Измит, а со еден дел ќе го спојува Црното Море со егејското крајбрежје.
Турција во последниот период оствари значајни инфраструктурни проекти, меѓу кои се истакнуваат третиот мост преку Босфорот во Истанбул, изградбата на третиот истанбулски аеродром која ќе чини 10,25 милијарди евра, а воедно ќе биде најголем аеродром на светот.