Sarp Özer
02 Ноември 2017•Ажурирај: 02 Ноември 2017
АНКАРА (АА) - Вооружените сили на Република Турција неутрализираа 11 терористи на ПКК во воздушните операции на периферијата на Ширнак, град во југоисточниот дел на Турција, јавува Anadolu Agency (AA).
Припадниците на турските сили во две одделни воздушни операции неутрализираа 11 терористи кои се подготвувале за напад врз единиците на турските вооружени сили.
Во соопштението на Генералштабот на турските вооружени сили се вели дека припадниците на терористичката организација ПКК, кои се подготвувале за напад врз турските сили, биле забележани во руралните делови на Бестлер Дерелер.
Исто така се наведува дека наскоро потоа биле покренати две акции против терористите.
Авионите на турските сили по операцијата,безбедно слетаа во воздухопловните бази.