ИСТАНБУЛ (АА) - Членот на Сириската опозиција и Револуционерните коалициски сили (SMDK) и на Курдскиот национален конгрес (ENKS), Абдулхамит Темо, во изјавата што ја даде за дописникот на АА во врска со преговорите во Женева истакна дека по нападите на режимот во Алепо и настаните во Камишли, опоцизијата е во тешка ситуација.
Абдулхамит Темо во врска со прекинот на преговорите во Женева изјави дека тоа дошло бидејќи специјалниот претставник на ОН за Сирија, Стефан де Мистура не го одржал дадениот збор и додаде:
„Тој на средбите во Женева не побара од силите на режимот и Русија да ја прекинат војната и ја блокираше политичката промена во Сирија. Затоа се прекинаа средбите во Женева. Опозицијата имаше два услова за продолжување на преговорите. Првиот услов е прекин на војната и нападите на Асад. Вториот услов беше овозможување дотур на хуманитарна помош и ненапаѓање на лицата кои го извршуваат овој транспорт. Ниту еден од ове два услова не е исполнет. Мистура даде збор дека овие услови ќе бидат исполнети. Но тоа не се случи. Силите на режимот продолжуваат со бомбардирањата. Она што го прави Башар ал-Асад последните две недели никој го нема направено. Русија и режимот на Асад по бомбардирањето болници, продолжија да бомбардираат и цивили. Во Алепо се случува вистинска драма. Знаеме дека под раководство на ПЈД формирани се Демократски сириски сили. Нивна главна цел е заземање на целата територија од Алепо до турската граница. Режимот во последно време се фокусира на Алепо. Заедно со Русија сакаат да ја заземат целата област околу Алепо. Русија и силите на режимот со авиони ги бомбардирааат опозициските сили во Алепо, додека ПЈД ја напаѓа опозицијата од копно, кога велам ПЈД, мислам на Демократските сириски сили.“
Темо истакна дека начинот на кој се прикажувани наоколу телата на убиените претставници на опозицијата од страна на ПЈД не се разликуваат многу од делата кои ги прави ДАЕШ и додаде:
„Всушност ПЈД прави многу лоши работи. Постојат војни во многу делови од светот, но во војните постојат правила. Убиените тела на противниците ќе ги донесете во Африн и ќе им ги прикажете на народот, тоа е многу лоша работа. Ова ќе има сериозни влијанија и врз Курдите и врз Арапите. Очигледно дека режимот и Русија сакаат да предизвикаат војна на етничка основа, меѓу Курдите и Арапите, особено Арапите сунити. На оваа цел и служи ПЈД. Всушност она што го прави ПЈД не се разликува многу од она што го прави ДАЕШ. ПЈД стана курдски ДАЕШ. ПЈД создава ситуација да предизвика војна меѓу Курдите и војна меѓу Курдите и Арапите Суни. Ние се плашиме од настанатата ситуација. Ако оваа ситуација продолжи, поради ПЈД Курдите ќе војуваат меѓусебно, и против сунитските Арапи. Од постапките на ПЈД сите страни се вознемирени. Во целиот мој говор споменувам ПЈД, но знаете дека ПЈД не е ПКК. Сите одлуки доаѓаат од Кандил. ПКК е организација како и Либискиот Хезболах, која ги исполнува барањата на државата со која се во соработка. Денеста таа ситуација ја живееме. Денеска ПКК покажа дека е на линијата на политиката меѓу Русија - Иран. Русија-Иран го подржуваат Асад. Интересен е фактот што Русија, Иран и Асад се против политиката на Месут Барзани. ПКК е во сојуз со овие сили. Денеска ПКК и служи само на шиитската политика во Сирија."
Темо изјави дека судирите во Камишли меѓу силите на режимот и ПЈД не се ништо друго освен добра игра, и од прикажаните судири може да се забележат испратените пораки за внатрешната и надворешната јавност и додаде:
„Во Камишли ниту ПЈД го напаѓа режимот, ниту пак режимот го нападна ПЈД. ПЈД и режимот никогаш нема да војуваат меѓусебно. И минатата година имаше наводен судир меѓу силите на режимот и ПЈД. Режимот претходно му најавува на ПЈД кое место ќе му го предаде. ПЈД прави драма и покажува дека местото е заземено со борба. Потоа по пат на медиумите ја прикажуваат војната со режимот, но таа всушност реално не постои. Во овие судири има и загинати, но тоа за нив воопшто не е битно. Таква е ситуацијата во Камишли. ПЈД сака да го има под своја контрола затворот во Камишли. Постои и една мелница која ПЈД исто така ја посакува. Режимот ќе им ги предаде, при што ПЈД пред народот ќе излезе со изјава 'ние овие места со борба ги земавме од режимот'."
Абдулхамит Темо во врска со посакуваното учество на ПЈД во мировните преговори во Женева објасни:
„Затворот пред три години беше во рацете на ПЈД, го зазедоа и повторно им го вратија на силите на режимот, истото она што се случи во Камишли минатата недела. Во судирите загинаа 17 лица. Минатата година во измислените судири загинаа 30 цивили. Војната минатата година кај Хасеке беше под образложение дека ПЈД ќе го заземат граничниот премин. Да, го заземаа преминот на Апокулар, ги симнаа постерите на Асад и ги поставија своите знамиња, но по комуникацијата со режимот, нивното напредување прекина. За да не се разбере дека станува збор за измислена војна, мораше да има и цивилни жртва. За таа цел потребно е да се фрлат бомби на локации со цивили поддржувачи на режимот. Починаа 10-15 поддржувачи на режимот. По една недела од настанот повторно се смириле. Во Алепо заеднички делуваат, зошто би војувале во Камишли? ПЈД со оваа лажна војна сака да му покаже на народот, погледнете, ние војуваме со режимот и ги ослободивме затворот и мелницата. Дадовме и жртви во оваа борба. Се со цел да се влијае на курдската популација. Второ, преговорите во Женева... На преговорите во Женева ПЈД сакаше да се приклучи како дисидентно крило. Но при секој обид беа посочени како крило на режимот и барањата беа одбиени. Со оваа војна сакаат да покажат дека ‘не ние не сме од страна на режимот, ние сме група која војува против нив’ сакаат да се прикажат како дел од опозицијата и ќе побараат да учествуваат на разговорите во Женева.“
news_share_descriptionsubscription_contact


