Alptekin Soykan,Halil Demir
03 Мај 2016•Ажурирај: 04 Мај 2016
ИСТАНБУЛ (АА) - Турската полиција со опсежна операција во 31 покраина од слобода лиши најмалку 100 осомничени лица за вмешаност во организиран криминал, јавува Anadolu Agency (AA).
Одделот за сузбивање на организираниот криминал и криумчарење спроведе опсежна операција врз база на разузнавачки и истражни податоци.
Полицијата изврши претрес на објектите на вкупно 266 адреси. Меѓу приведените има бројни лекари, аптекари и еден редовен професор од Универзитетот Диџле во Дијарбакир.
Осомничените се товарат за издавање лажни рецепти и лекарски уверенија за тешки заболувања како карцином, леукемија и психички болести.
Споменатите документи им се издавани на припадниците на терористичката организација ПКК и групите во со војна зафатената Сирија, а на тој начин групата осомничена за организиран криминал стекнувала голема финансиска надокнада.