Ekipa
05 Ноември 2017•Ажурирај: 06 Ноември 2017
ШИРНАК (АА) - Во акциите што беа спроведени во областа Ширнак, во југоисточниот дел на Турција, беа неутрализирани девет припадници на терористичката организација ПКК, јавува Anadolu Agency (AA).
Од канцеларијата на гувернерот на Ширнак беше објавено дека во тек е акцијата поддржана од воздух во местото Угур Тепе.
Турските вооружени сили (TSK) извршија акција и врз упориштата на споменататa организација на подрачјата на Авашин-Басјан и Хакурк во северен Ирак.
Во воздушната операција беа уништени засолништа, воени бази и објекти за складирање оружје што ги користеле терористите на ПКК, соопштија од Турските вооружени сили.
Турските бомбардери, по успешната мисија, се вратија во базата.