Ahmet Akbıyık
05 Ноември 2017•Ажурирај: 06 Ноември 2017
КОЊА (АА) - Со пригодна свеченост во турскиот град Коња се отвори фабриката „AkınRobotics“, првата фабрика за хуманоидни роботи во Турција основана од страна на софтверската компанија „Akınsoft“ (Акинсофт), јавува Anadolu Agency (AA).
Претседателот на управниот одбор на Акинсофт, Озѓур Акин, во своето обраќање на отварањето истакна дека во „AkınRobotics“ преминале на сериско производство. „AkınRobotics“ е првата фабрика за хуманоидни роботи во Турција изградена на површина од 11.000 квадратни метри, од кои 2.700 квадратни метри се затворен простор.
Акин истакна дека изградбата на фабриката траела една и пол година. „Голем број институции и организации во светот спроведуваат активности за истражување и развој во однос на хуманоидните роботи. Но, ниту една институција не преминала на сериско производство. Тука ќе може да ја видите сериската линија на производство на 'АкинРоботикс'“.
Акин пренесе дека новопроизведената серија „Ada GH5“ (Ада ГХ5) многу лесно може да се прoграмира дури и од страна на дете.
„Со овие модели на роботи можете да ги вршите следните работи: презентирање на производи во трговски центар, споделување брошури на саеми, покажување насоки на автобуски станици и нааеродроми, како и вршење работа на продавач. Овие роботи кои можат дури да даваат нега во болниците, се програмирани на тој начин за делумно да им помага на домаќинките. Се надевам дека новата генерација роботи Ада ГХ5 ќе бидат за доброто на нашиот народ и човештвото“, истакна Акин.
Од друга страна, претседателот на Индустриската комора во Коња, Мемиш Ќутукчу, потсети дека во светот започнала ерата на хуманоидни роботи и додаде дека „Акинсофт“ ќе ја предводи Турција во оваа област.