Ekipa
21 Април 2016•Ажурирај: 22 Април 2016
САРАЕВО (АА) - Воклсваген во договорот со американските регулатори понуди да откупи некои од автомобилите погодени со скандалот за мамење на тестовите за емисија на гасови, јавува Anadolu Agency (AA).
Договорот е постигнат по откритието дека околу 600.000 дизел возила на Воклсваген биле опремени со софтвер кои мамел на тестот за емисија на гасови. До крајот на неделата се очекува Воклсваген да ги објави детаите на договорот постигнат со американските регулатори, Агенцијата за заштита на животната средина и министерството за правосудтсво.
Американскиот окружен судија Чарлс Брејер, во март, даде налог на Воклсваген, во последната недела од април да го изнесе конкретниот предлог на кој начин автомобилите да се тргнат од патот. Според неговите зборови предлогот може да вклучува план за откуп на возилата или поправка одобрена од страна на американските регулатори која би овозможила автомобилите да останат на патот.
Во септември минатата година, Агенцијата за заштита на околината на САД утврди дека возилата на Воклсваген кои се продаваат на американските пазари поседуваат софтвер кој ги лажира резултатите на издувните гасови за време на тестот за емисија. Заклучено е дека некои модели всушност испуштаат и до 40 пати повеќе загадувачи на азот оксид од законскиот лимит.
Матијас Мулер, првиот човек на Воклсваген во март изјави дека разговорот со американските регулатори за постигање на договор ќе трае подолго време и веројатно ќе чини повеќе отколку што беа почетните предвидувања. Додаде дека 6,7 милијарди евра, колку што е и издвоено за санирање на штетата настаната од скандалот, можеби и нема да бидат доволни.