Övünç Kutlu
20 Април 2016•Ажурирај: 21 Април 2016
ЊУЈОРК (АА) - Управата на компанијата Интел најави дека до средината на следната година ќе отпушти вкупно 12.000 вработени од целиот свет, што е 11 проценти од вкупната работна сила на овој технолошки гигант, јавува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението на компанијата се наведува дека отпуштањата се неопходни, во однос на планираната реконструкција на бизнисот и дека во иднина компанијата сè повеќе ќе работи на развојот на технологијата на интернетот и смарт телефоните.
Тие истакнуваат дека Интел сè помалку ќе посветува внимание на производството на десктоп компјутери и дека ќе се фокусира на современите технолошки трендови, а со тоа компанијата ќе биде повеќе профитабилна.
Интел веќе две години по ред, бележи зголемен профит во секторите на смарт телефоните и интернетот, додека состојбата во областа на компјутерите е сосема спротивна.
Во првиот квартал од оваа година, Интел оствари профит од 13,7 милијарди долари, што претставува зголемување од седум проценти во однос на истиот период минатата година.