Gülşen Çağatay
29 Февруари 2016•Ажурирај: 02 Март 2016
ПЕКИНГ (АА) - Кинеските власти објавија дека во контекст на економските реформи во земјата, без работа ќе останат два милиони вработени во рудниците и железарите, јавува Anadolu Agency (AA).
Кинеските медиуми објавија дека како дел од реформите за решавање на проблемот со преоптовареноста и забавениот економски развој, владата на најнаселената земја во светот ќе започне со примена на мерки на отпуштање во индустрискиот сектор.
Министерот за социјално осигурување и човечки ресурси на Кина, Јин Веимин, рече дека новите мерки ќе влијаат на рударскиот сектор во кој се планира да се отпуштат 1,3 милиони работници, а потоа врз секторот за челик во кој без работа ќе останат 700.000 работници.
Без да прецизира во кој временски период ќе дојде до отпуштање на вишокот вработени, министерот Јин Веимин рече дека ова е прв пат кинеската влада да повлече ваков потег со цел да се справи со економските проблеми и дека очекува разбирање од јавноста.