Emel Öz
22 Мај 2021•Ажурирај: 23 Мај 2021
АНКАРА (АА) - Најмалку три лица загинаа во земјотресот со јачина од 6,1 степен што ја потресе југозападна Кина, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Кинеската централна телевизија (ЦЦТВ) објави дека 27 лица се повредени во земјотресот што се случи вчера во покраината Јунан.
Властите соопштија дека осум лица се повредени во друг земјотрес со јачина од 7,3 степени по Рихтер што само по неколку часа ја потресе соседната покраина Ќингхај.
Од покраината Ќингхај евакуирани се најмалку 20.000 луѓе.