Abdulselam Durdak
24 Мај 2018•Ажурирај: 25 Мај 2018
ФРАНКФУРТ (АА) - Една од најважните германски банки „Дојче банк“ (Deutsche Bank) најави дека во рамките на реформата ќе го намали бројот на вработените на глобално ниво од 97.000 на помалку од 90.000, јавува Anadolu Agency (AA).
Управата на „Дојче банк“ најави реформа, со цел намалување на трошоците и зголемување на приходите.
Во соопштението се наведува дека во рамките на реформата ќе биде намален бројот на вработените за нешто повеќе од 7.000, а во поголема мерка ќе бидат изменети начините на продажба на акциите и банкарските услуги.
„Проценките се дека оваа година Банката нема да ги надмине планираните трошоци од 23 милијарди евра. Управниот одбор планира тие трошоци наредната година да бидат намалени на 22 милијарди евра“, се наведува во соопштението.
Паралелно со тоа, челниците на „Дојче банк“ пред три години го објавија планот за работење во кој е најавено дека до 2022 година ќе го намалат бројот на вработените за 15.000 и ќе го затворат работењето во десет земји. Најавено е затворање на бироата и активностите во Аргентина, Чиле, Мексико, Перу, Уругвај, Данска, Финска, Норвешка, Малта и Нов Зеланд.