Gökhan Kurtaran
02 Јули 2020•Ажурирај: 04 Јули 2020
ЛОНДОН (АА) - Европскиот производител на авионите „Ербас“, поради влијанието на пандемијата на коронавирусот врз светската економија, најави отпуштање на 15.000 вработени, јавува Агенција Анадолија (AA).
Поради влијанието на пандемијата до 2021 година најавија отпуштање на 15.000 работници.
Наведоа дека станува збор за прекин на работниот однос за 5.000 вработени во Франција, 5.100 во Германија, 1.700 во Велика Британија, 900 во Шпанија и 2.300 вработени во други земји.
Од „Ербас“ наведоа и дека последните месеци комерцијалните летови се намалени за околу 40 проценти и дека не очекуваат да се вратат на нивото пред епидемијата пред 2023 година.
„Ербас“, во кој работат околу 135.000 работници, е светски лидер во воздухопловната, вселенската и сродните услуги.
Светската здравствена организација (СЗО) на 11 март поради ширењето на коронавирусот прогласи глобална пандемија.