Ekipa
22 Април 2016•Ажурирај: 23 Април 2016
ВОЛФСБУРГ (AA) - Германскиот произведувач на автомобили соопшти во петок дека скандалот со лажирање на тестовите за емисија на гасови до сега чинеше 16,2 милијарди евра. Скандалот започна во септември 2015 година, кога американските регулатори открија дека во возијата на Волксваген со дизел мотор постои софтвер кој во текот на емисиониот тест прикажува лажни резултати, јавува Andolu Agency (AA).
Оваа информација на Волксваген соопшти на конференцијата за новинарите во своето седиште во Волфсбург , која ја организираа по постигнување на Договорот со Агенцијата за засштита на околината на САД.
Според договорот Волксваген се обврза дека ќе откупи речиси 500.000 возила кои го поседуваат спорниот софтвер. Компанијата го одложи соопштувањето на годишната заработка се додека нема да има прецизни податоци за трошоците. Аналитичарите сметат дека вкупните трошоци од казните, правните пресуди и губитоци ќе бидат значително поголеми од заработката.
Волксваген, исто така, нагласи дека нема да биде во можност да објавува резултати од интерна истрака која ја покренаа заради скандалот со емисијата, иако беше најавено дека тоа ќе го направат во текот на овој месец.